Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово.
Loading...
Ова денеска одговарајќи на новинарски прашања го соопшти Игор Филков, Претседавачот на Централниот одбор на партијата.
– Она што можам да го повтврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски, рече Филков.
Инаку Димитриевски го привршува својот втор мандат на чело на најголемата општина во Македонија, откако на изборите во 2021 година убедливо победи како независен кандидат.
Никола Ивановски