Макрон во Кина каде ќе разговара за Украина и продолжување на дијалогот

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја започнува посетата на Кина со оценка дека Пекинг останува незаменлив во соочувањето со бројните предизвици во светот, како што е војната во Украина.

Loading...

Поради близината со Русија, „Кина е единствената земја во светот која може да има моментално и радикално влијание врз конфликтот, во една или друга насока“, соопшти Елисејската палата во најавата за тридневната посета на Макрон на Кина.

Придружбата на Макрон оцени дека францускиот претседател е еден од ретките западни шефови на држави кои „може да разговараат со часови“ со кинескиот претседател Си Џинпинг за да се постигне мир.

Додека ривалството меѓу Кина и САД е под превезот на Студената војна, Франција зазема поинаков пристап, помалку непријателски од САД кон Кина.

Затоа Макрон ќе „бара простор“ за дијалог со Пекинг „за иницијативи за поддршка на цивилното население“ во Украина, а ќе бара и излез од кризата.

Француската дипломатија рече дека Макрон ќе им каже на кинеските власти дека е „од суштинско значење да се воздржат од поддршка на руските воени напори“.

Аналитичарите сметаат дека Макрон треба да го спомене и нуклеарното прашање, односно распоредувањето на руското нуклеарно оружје во Белорусија.

Макрон попладнево ќе пристигне во Пекинг, каде ќе се сретне со француската заедница.

Loading...

Во четврток, пред државната вечера, францускиот претседател ќе се сретне со кинески претставници, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во петок Макрон ќе го посети Гуангжу каде ќе се сретне со кинески студенти.

Францускиот претседател оди во Кина со делегација од претставници на околу 60 француски компании.