Макрон смета дека Путин направил историска грешка

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека неговиот руски колега Владимир Путин направил историска грешка кога ја нападнал Украина.

Loading...

Мислам, и тоа му го кажав, дека направи историска и најголема грешка кон својот народ, кон себе и кон историјата, рече Макрон во интервју за француските регионални медиуми по повод 100-тиот ден од војната.

Францускиот претседател повтори дека „Русија не треба да се понижува“ – што беше лошо прифатено во Источна Европа – „за штом борбите завршат, дипломатски да дозволиме да излезе од изолација“, пренесува Индекс.

На упорните покани да го посети Киев, додека многу од неговите европски колеги веќе беа таму, тој одговори дека не исклучува ништо како можност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија уапси тинејџер: Го доведува во врска со саботажа

„Сакаме да ја зголемиме финансиската и воената помош за Украина. На крајот, да направиме сè што можеме за да извеземе жито од Украина“, додаде Макрон, кој рече дека како претседател побарав од фабриките да го забрзаат производството на оружје, не само за да ги надополнат залихите, туку и да ја зајакнат француската независност.