Макрон: Путин беше единствениот што ја избра војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на националната телевизија за ситуацијата во Украина рече дека руските трупи го бомбардираат Киев, и дека многу бегалци биле принудени да избегаат во соседните европски земји.

Loading...

Тој апелираше до француските граѓани што поскоро да ја напуштат Украина.

Макрон рече и дека ќе продолжи да бара прекин на огнот и дека неговата земја ќе продолжи да го штити суверенитетот на Украина.

Францускиот претседател ја поздрави храброста на Украинците кои се соочуваат со војната, а потоа додаде дека Путин е единствениот што избрал војна.

„Деновите што следат веројатно ќе бидат потешки“, рече Макрон.

Тој исто така рече дека ќе продолжи да се обидува да остане во контакт со Путин, а потоа повтори дека Франција не е во војна со Русија.

„Неколку стотици војници се испратени во Романија“, рече францускиот претседател.

Макрон посочи и дека европската одбранбена стратегија треба да влезе во нова фаза, како и дека ќе се зголемат инвестициите во одбраната.

Loading...

Франција ќе се обиде да ги заштити своите економски интереси поради новонастанатата ситуација, како и да ја намали зависноста од рускиот гас, додаде Макрон.

Да потсетиме, Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која, како што се наведува, се осудува „рускиот напад врз Украина и се повикува Москва веднаш да ги повлече своите сили од Украина“.