Макрон пристигна во Тел Авив за да изрази солидарност со Израел

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска пристигна во Тел Авив за да ја изрази „целосната солидарност“ на неговата земја со Израел по смртоносните напади на палестинската екстремистичка организација Хамас врз Израел на 7 октомври.

Loading...

Се очекува и Макрон да повика цивилното население во Газа да биде поштедено додека израелската армија немилосрдно бомбардира цели на Хамас во палестинската енклава и се подготвува за копнена офанзива, се вели во соопштението на француското претседателство, пренесоа израелските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел изврши воздушни напади врз јужен Либан