Макрон претпазлив по уште една прилично тивка ноќ во Франција

Сподели со своите пријатели

Во Франција втора ноќ по ред помина релативно мирно, по неколкудневните немири поради полициското убиство на тинејџер.

Loading...

Во ноќта меѓу понеделникот и вторникот се уапсени 72 лица, јавува БФМ ТВ.

Францускиот претседател Емануел Макрон е внимателен во врска со понатамошниот развој на настаните.

„Мислам дека тоа не е зад нас. Ќе видиме што ќе се случи на 13 и 14 јули и во месеците што следат“, рече Макрон.

Тој во понеделникот вечерта ја посети касарната Бесиер во 17-тиот арондисман во Париз, каде се стационирани припадници на интервентната полиција.

Во објава на Твитер, Макрон им се заблагодари на полицијата, жандармите и пожарникарите за нивната „вонредна мобилизација во последните ноќи“.

Во текот на денот, Макрон ќе се сретне со градоначалниците на околу 220 општини каде што избувнаа немири во претходните денови, а Елисејската палата објави дека претседателот „сака да започне долгорочна работа за разбирање на причините што довеле до овие настани“.

Од почетокот на нередите по смртта на тинејџерот на 27 јуни, уапсени се 3.490 лица, соопштија денеска од МВР за ТВ БФМ.

Loading...

Според податоците на МВР, од почетокот на немирите опожарени се речиси 5.900 возила, близу 1.100 објекти се изгорени или оштетени, а евидентирани се близу 270 напади на полициски станици или жандармерија, јавува Танјуг.