Макрон потврди: Франција испраќа моќно оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Франција ќе испрати борбени авиони Мираж 2000-5 во Украина и ќе ги обучи нивните пилоти како дел од новата воена соработка со Киев во борбата против руската инвазија, објави во четвртокот претседателот Емануел Макрон.

Loading...

– Утре ќе започнеме нова соработка и ќе објавиме испраќање на борбени авиони Мираж 2000-5 во Украина од францускиот производител Дасо и ќе ги обучиме нивните украински пилоти во Франција – изјави Макрон за француската телевизија, пренесува Франс прес.

Макрон рече дека ќе му понуди на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кога двајцата ќе се сретнат на разговори во Елисејската палата во Париз во петок, да обучуваат пилоти почнувајќи од ова лето.

– Обично ви требаат пет или шест месеци. Така, до крајот на годината пилотите ќе бидат обучени, а тие ќе се обучуваат во Франција – рече тој.

Тој не прецизираше колку борбени авиони ќе бидат испорачани, а Министерството за одбрана не соопшти детали на прашањето на АФП.

Макрон рече дека Украина се соочува со „голем предизвик“ за обука на војници додека се обидува да мобилизира десетици илјади војници на фронтот.

Тој рече дека Франција ќе опреми и обучи цела бригада од 4.500 украински војници „за да можат да се бранат кога ќе се вратат од обука во Украина“.