Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека се неопходни „нови разговори“ со Украина и дека е време за „јасни политички сигнали“.
Макрон не ја потврди посетата на Киев најавена од некои медиуми.
„Пред портите на нашата Европска унија се случува невидена геополитичка ситуација“, рече Макрон во воената база на НАТО во Романија.
Поради сите овие причини, политичкиот контекст и одлуките што ќе треба да ги донесат Европската унија и неколку земји, има оправдувања за нови фундаментални разговори, рече тој.
„Мислам дека сме во време кога треба да испратиме јасни политички сигнали, ние сме Европската унија, во однос на Украина и украинскиот народ, кој е во таква ситуација што херојски дава отпор со месеци“, рече Макрон.
Францускиот претседател синоќа вечерал со француски војници во база недалеку од Црното Море, каде спиел во шатор, а денеска повеќе од еден час разговарал со романскиот претседател Клаус Јоханис.