Макрон понуди помош за извоз на храна од Украина

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека е подготвен да работи со меѓународните организации  да помогне да се надмине руското ембарго за извоз на храна од Украина преку Црното Море, соопшти Елисејската палата.

Loading...

 

Нова колона автобуси тргна од Мариупол

 

Во соопштението се наведува дека Макрон во телефонски разговор повторил дека е неопходен прекин на огнот во Украина и дека му рекол на Путин дека е длабоко загрижен за ситуацијата во Донбас и Мариупол.

 

ЕУ воведува ембарго на руската нафта, Сбербанк исклучена од СВИФТ

 

Loading...

„Ја повикав Русија да ја преземе својата меѓународна одговорност како членка на Советот за безбедност на ОН и да стави крај на овој разурнувачки напад“, рече Макрон.