Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск ќе ја посетат Молдавија на 27 август за да го прослават Денот на независноста на земјата, објави денес кабинетот на францускиот претседател.
Loading...
Во соопштението се наведува дека Макрон, Мерц и Туск ќе ја потврдат својата целосна поддршка за безбедноста, суверенитетот и европскиот пат на Молдавија, објави Ројтерс.
Во Молдавија, поранешна советска република, парламентарните избори ќе се одржат на 28 септември.
Молдавските власти постојано ја обвинуваат Русија за мешање во нивната внатрешна политика, што Русија го негира, пренесува Танјуг.