Макрон го пречекува Мохамед бин Салман

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон во четврток ќе биде домаќин на саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман.

Ројтерс рече дека посетата е дел од засилените напори на Западот да се придобие на главната земја производител на нафта, во услови на војна во Украина и неуспешни обиди да се оживее нуклеарниот договор со Иран.

Француската опозиција и групите за човекови права ја критикуваа одлуката на претседателот Емануел Макрон да го покани на вечера во Елисејската палата човекот за кој Западот верува дека го наредил убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги во 2018 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија го намалува увозот на гас од Русија

Посетата на Бин Салман на Париз доаѓа две недели откако престолонаследникот разговараше со американскиот претседател Џо Бајден.

Британската агенција оценува дека Западот сака повторно да воспостави добри односи со нафтениот гигант.

„Рехабилитацијата на принцот ќе биде оправдана во Франција, како што беше во САД – со аргументите на реалполитика. Но, да не се лажеме, тука се работи за трговија“, напиша на Твитер генералниот секретар на Амнести Интернешнл, Ањес Каламар.

Франција, како и другите европски земји, бараат начин за диверзификација на изворите на енергија од почетокот на војната во Украина, бидејќи Русија е еден од најголемите снабдувачи со гас.

Макрон сака Саудиска Арабија, која е најголемиот светски извозник на нафта, да го зголеми производството, но и да помогне да се постигне договор со Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ: Бугарија и Унгарија остварија најголем раст на платите, Франција најмал

Ројтерс потсетува дека Франција е еден од главните добавувачи на оружје за Ријад, но дека се соочува со зголемен притисок поради хуманитарната криза во Јемен, каде коалицијата поддржана од Саудиска Арабија се бори против бунтовниците Хути, на чија страна е Иран.

Макрон, кој минатиот декември беше првиот западен лидер што ја посети Саудиска Арабија по убиството на Џамал ​​Кашоги, ги отфрли критиките дека Саудиска Арабија е премногу важна за да се игнорира.

Да потсетиме, убиството на Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул го вознемири целиот свет, а американските разузнавачи заклучија дека Мохамед бин Салман лично го одобрил убиството на колумнистот на Вашингтон пост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илјадници луѓе евакуирани во Берлин поради бомба од Втората светска војна

Престолонаследникот, сепак, негираше дека има некаква улога во убиството, а саудискиот суд донесе пресуди за случајот – повеќегодишни затворски казни за осуммина обвинети.