Франција треба да се мобилизира за да се подготви за веројатно сценарио за недостиг на енергија оваа есен, бидејќи Русија ги користи намалувањата на испораките за Европа како оружје во својата војна со Украина, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Во телевизиско интервју по повод националниот празник на Франција, Денот на Бастилја, Макрон рече дека дел од таа мобилизација ќе вклучи и намалување на потрошувачката на енергија од француските потрошувачи и бизниси, пренесува Ројтерс.
„Треба да се подготвиме за сценарио каде што треба целосно да се снаоѓаме без руски гас“, рече тој.
Тој најави дека наскоро ќе презентира детален план за ограничување на потрошувачката на енергија.
Макрон, исто така, рече дека Франција треба, во светлината на руската инвазија, да продолжи да ја зајакнува својата војска, да го забрза производството на нова воена опрема и да ги надополни резервите на муниција.
View this post on Instagram