Макрон: Европа ќе реагира ако нејзината трговија биде нападната

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа ќе мора да се погрижи другите да ја почитуваат во случај нејзините економски интереси да бидат загрозени.

Loading...

Тој реагираше на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увезените стоки од ЕУ, пренесоа француските медиуми.

„Ако нашите трговски интереси бидат нападнати, како сила која има свои сопствени, Европа ќе мора да се погрижи другите да ја почитуваат и затоа да реагира“, рече тој по пристигнувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел посветен на одбраната.

Макрон додаде дека неодамнешните изјави од САД ја охрабруваат Европа да биде посилна и пообединета, според Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фредриксен: Гренланд не е на продажба

„Како што Ковид и руската агресија во Украина беа повик за будење за Европа, она што се случува со одлуките и изјавите на новата администрација на претседателот Доналд Трамп ја охрабрува ЕУ да биде пообединета и поактивна во одговорот на колективните безбедносни прашања“, заклучи тој претседателот на Франција, пренесува Танјуг.