Макрон до Бајден: Делиме заедничка одговорност за Авганистан

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со неговиот американски колега Џозеф Бајден за ситуацијата во Авганистан.

Елисејската палата посочи дека во телефонскиот разговор меѓу Макрон и Бајден, се разговарало за ситуацијата откако Талибанците ја презеле контролата над Авганистан.

Се додава дека Макрон ја нагласил апсолутната потреба за брза и конкретна координација.

„Претседателот пред колегата ја истакна нашата заедничка одговорност кон Авганистанците кои ги делат нашите вредности и на кои им е потребна заштита, како и дека не можеме да ги оставиме“, стои во соопштението.

Двајцата лидери се согласиле да ги зајакнат заедничките акции на хуманитарно и политичко поле, но и во борбата против тероризмот, особено во рамките на Г7.