Макрон: Да им се отежне животот на невакцинираните Французи

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека има намера да ги заостри мерките и да го отежне животот на луѓето во Франција кои не биле вакцинирани против Ковид-19.

Loading...

Навистина сакам да им отежнам и ќе продолжиме да го правиме тоа до крајот“, изјави тој за францускиот весник „Ле Паризиен“.

Сепак, политичките противници рекоа дека јазикот што го користел Макрон во интервјуто не е достоен за претседател.

Неговите коментари дојдоа откако опозициските пратеници кои се обединија против владата го одложија предлог-законот за Ковид на усвојувањето.

Расправата во Собранието за предлог-законот со кој на невакцинираните им се забранува да присуствуваат на поголем дел од содржините од јавниот живот, во понеделникот по полноќ беше одложена.

Законот се очекуваше да биде одобрен на гласање оваа недела, што ќе ги налути противниците на вакцината, а неколку француски пратеници рекоа дека добиле смртни закани поради ова прашање.

Во интервју за Le Parisien во вторникот, Макрон рече дека иако нема да ги принудува луѓето да се вакцинираат, тој се надева дека ќе ги охрабри луѓето да го сторат тоа со „ограничување на нивниот пристап до социјалните активности колку што е можно повеќе“.

– Нема да ги пратам во затвор оние кои не се вакцинирани. Но мораме да им кажеме дека од 15 јануари повеќе нема да можат да одат во ресторан. Веќе нема да може да оди на кафе, нема да може да оди во театар или кино – рече тој.

Loading...

Франција има една од највисоките стапки на вакцинација против Ковид во ЕУ, со повеќе од 90 проценти од возрасната популација целосно вакцинирана.

Со месеци Франција бараше од луѓето да покажат или доказ за вакцинација или негативен тест за Ковид за да пристапат до многу јавни места.

Сепак, француската влада сака да ја отстрани опцијата за прикажување негативен тест како одговор на рекордното зголемување на бројот на заразени, поттикнато од високо заразните варијанти на омикрон и делта.