Маќеа од Куманово ќе одговара за запуштање и малтретирање малолетно лице
On:
Сподели со своите пријатели
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М. (44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање малолетно лице“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавената, како родител-маќеа на шестгодишно девојче, грубо ја запоставувала нејзината должност за грижа и воспитување со што го запуштила детето кое на 30.09.2016 година, околу 12.30 часот од својот дом го однела во центарот на градот наведувајќи го на питачење.