Македонското МНР со апел: Избегнувајте патувања во Израел и Иран

Loading...
Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија издаде соопштение со кое апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

Во соопштението се повикува сите граѓани на Република Северна Македонија да се воздржат од било какви патувања кон земјите од овој регион сè додека не се подобри безбедносната состојба.

Согласно добиените информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Моментот кога Израел го разнесе нуклеарниот комплекс во Иран (ВИДЕО)

Министерството потсетува дека при евентуална потреба од помош, граѓаните може да се обратат на следните контакти:

📍 Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
Е-пошта: [email protected]

📍 Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]

Од Министерството информираат дека е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и ќе ја информира јавноста за сите новини навремено.