Македонските домаќинства имаат заштедено над 7 милијарди евра во банки

Сподели со своите пријатели

Македонските граѓани сè повеќе ја потврдуваат довербата во домашниот банкарски систем, со вкупни депозити што на крајот на 2025 година достигнаа 445 милијарди денари, односно над 7 милијарди евра.

Ова го покажуваат најновите податоци на Народната банка, а трендот укажува на стабилност и сигурност во услови на економска неизвесност.

– До крајот на декември 2025 година, вкупните депозити на домаќинствата достигнаа 445 милијарди денари, што претставува годишен раст од 12%. Ако го погледнеме периодот по пандемијата, штедните средства на граѓаните се зголемени за повеќе од 50%, што јасно ја покажува довербата во банкарскиот систем и неговата отпорност“, рече Арнаудова-Стојановска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон претстави нова визија за Европа. Германија и Италија се силно против

Особено расте интересот за денарските и долгорочните депозити, кои во декември 2025 година сочинуваат 55%, односно 33,5% од вкупните депозити на домаќинствата.

Анализите за 2024 година покажуваат дека депозитите во банките сочинуваат околу 60% од финансискиот имот на домаќинствата, додека приватните пензиски фондови следат со околу 25%.

Според Арнаудова-Стојановска, ова е во согласност со трендовите во регионот и Европската Унија, каде безбедноста на банкарското штедење останува највреднуваната алтернатива.