Македонскиот огранок на ОЗНА бил формиран во Куманово, а ова биле првите соработници

Сподели со своите пријатели

Одделение за заштита на народот (ОЗН) била воена служба за безбедност.

Loading...

Било формирано по одлука на Воениот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Југославија. Во првите воени години во Македонија таа дејност била во надлежност на месните народни, селски или партизански стражи (1941 – 1942), а потоа на известителната служба и на народната милиција (1943 – 1944).

Одлуката за формирање на ОЗН во Македонија била донесена на состанок на ЦК на КПМ во с. Рамно, Кумановско. Тука за таа цел бил дојден од Вис и инструкторот на ОЗН за Југославија Мијат Вулетиќ, кој донел и Упатство за организација на работата, а било избрано и раководство на ОЗН за Македонија при Поверенството за народна одбрана на НКОЈ. Потоа неговата дејност била официјализирана (с. Мелница, Велешко, 13 мај 1944) за борба против домашните предавници и тероризмот на слободната и на неослободената територија. Подоцна било осамостоено на слободната територија во Кумановско (втората половина на 1944), што значело целосно одвојување на разузнавачките од безбедносните функции и ОЗН станало единствен разузнавачки центар.

Со донесувањето на првиот Устав на ФНРЈ, во рамките на Министерството за одбрана била формирана Контраразузнавачката служба на ЈНА (КОС), а ОЗН било одвоено од ова Министерство и влегло во составот на Министерството за внатрешни работи – Управа за државна безбедност (УДБ).

На 11 ноември Куманово било ослободено, но не и ослободено од сите непријателски елементи кои сакале да го поткопаат она што целиот народ го изградил со својата крв – слободата.

Во околните планини се криеле и остатоци од бандите кои биле длабоко повлечени во планинските стротви затоа што народот не ги прифаќал.

Тогаш пред ОЗНА се поставиле нови и одговорни задачи. Требало од чистата вода на слободата да се отстранат гнасни трунки кои сакале да го потценат она што било со крв втемелено, да создадат смут меѓу луѓето и да веруваат дека новото нема долго да трае.

Во таква атмосфера органите на ОЗНА имале широка поддршка меѓу народот и од македонското и од албанското население. Младите луѓе биле тие што во расцутот на својата младост гаеле чисти патритоски чувства кои и во борбата против овие ненародни елементи ги покажале.

Loading...

Во гимназијата имало група младинци кои доброволно се јавиле да помагаат на ОЗНА. Тие немале ни полни осумнаесет години, но носеле силна љубов и должност да помогнат на младата социјалистичка татковина.

Тоа биле Драги Јовановски, Душко Цветковски, Стојан Јакимовски – Американец, Страшко Кралевски и други. Со својата младешка досетливост, упорност и смисла кон целосно извршување на задчите тие извршиле повеќе акции кои многу помогнале на ОЗНА за побрза пресметка со ненародните лементи. Овие младинци наутри брзале на училиште за да се стекнат со знаења, а по ручек веќе се ставале на располагање на органите на безбедност. Тоа биле добри ученици и патриоти.

Тогаш не било лесно да се работи, бидејќи членовите на бандите се криеле длабоко во планините и имале по некој јатак кој од Куманово ги снабдевал со она што не можеле да го најдат на теренот. Бидејќи немале поддршка од населението, тие морале постојано да се кријат. Младинците во тие денови, покрај другото, имале задача да внимаваат на некои сомнителни луѓе што доаѓале во градот. Еднаш една група се нашла меѓу продавачите на дрва во планинските села. Еден средовечен човек бил нетрпелив и изгледал дека му се брза. Ги продавал дрвата и под цената. Бил сомнителен и младинците решиле да му ги купат дрвата. Со нив го одвеле во куќата на „Уте“, каде веќе на еден интелигентен начин го испрашувале, додека некои од нив доаѓале да јават на органите на безбедноста. До доаѓањето на органите веќе младинците откриле дека дошол да ги продаде дрвата и купи некои работи за некои луѓе во планината.

Со признанието на овој човек биле откриени неколку припадници на бандата кои биле ликвидирани.

По ослободувањето на Куманово низ сите села требало да се изберат народноослободителни одбори. Во некои села на планината се уште владеел страв од бандите, па многу активистите не се одлучувале да одат на тој терен. Оваа младинска група решила да ја изврши таа тешка задача. Да оди во селата Глажња, Гошинце и Белановце и таму да ги организира овие одбори. Задачата ја извршиле беспрекорно. Со својот приод кон луѓето и умешноста да се постават ја здобиле довербата на населението кое чувало стража за да ги зашити и храбри слободно да зборуваат оти кога се меѓу нив се сигурни. Благодарние на нивната одлучност од тие села се јавиле младинци и селани кои сакале да помогнат, а меѓу нив и Каил од Липково.

Задачата била успешно завршена, како и повеќе други.

По раскажување на Бранко Стојковски – Руле
Извор: „Наш весник“ број 86 (четврток, 13. мај 1965. година)

Leave a Reply