Македонската фудбалска репрезентација е поразена од Ерменија со 1:0 во последното коло од втората група Ц-дивизија во Лигата на Нации.
Loading...
Дуелот се одигра во Никозија на Кипар поради воената состојба во Ерменија, а го реши поранешниот вардарец, Ховханес Хамбарџумјан со голот во 55. минута.
На другиот меч од 6.коло во оваа група Грузија и Естонија одиграа нерешено 0:0.
Ерменците го освоија првото место во групата со 11 бода и изборија пласман во Б-дивизијата. Македонците се втори со 9 бода, Грузијците се трети со 7, Естонците последни со 3 бода.
Зоран Стерјовски