Македонските младински кошаркари и кошаркарки забележаа пораз во вторите натпревари од Младинската олимпијада кои денеска се одиграа во Куманово.

Машката репрезентација ги одмери силите со Франција и загуби со резултат 89:55, додека женската загуби од Финска со 76:35.

На утрешниот распоред од 16 часот дамите играат против Германија во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, додека во Спортска сала Куманово ќе играат мажите против составот на Латвија од 18:15 часот.

Влезот за сите љубители на кошарката е бесплатен.







































 






Никола Ивановски

