Македонија е меѓу земјите што ќе се приклучат на Европската унија во воведување рестриктивни мерки против Иран.
Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ на Западен Балкан која не ги почитувала новите рестриктивни мерки.
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, објави дека на одлуката, која беше усвоена од Европскиот совет на 27 јуни, се приклучија и земјите кандидати Македонија, Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, земјите од ЕФТА Исланд, Лихтенштајн и Норвешка и членките на Европската економска зона.
Тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со одлуката на Советот, а ЕУ ја забележува таа посветеност и ја поздравува, се додава во соопштението.