Македонија во црвена фаза, надлежните само со препораки за заштита

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималните температури ќе се движат во интервал од 12 до 21 степен, додека максималните ќе достигна високи вредности од 35 до 41 степен целзиусов.

УХМР го вклучи црвениот метео аларм за цела Македонија поради опасност од високи температури.

Сепак надлежните и покрај издаденото црвено предупредување од метеоролозите засега остануваат без конкретни мерки, туку само со препораки кои Владата ги усвои вчера на седница.

Препораките велат:

– Се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка следена и вознемирувана од поранешниот сопруг

– Каде што е можно, да се овозможи работа од далечина, флексибилно или двократно работно време.

– Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија.

Loading...

Дополнително, Владата потсетува на веќе важечките мерки од акцискиот план:

– Одложување на работниот процес од 11:00 до 17:00 часот за работници изложени на директна топлина.

– Обврска за обезбедување микроклиматски услови за работа – простории со температура до 25°C, освен каде што природата на работата не дозволува поинаку.

– Континуирано информирање на јавноста преку институциите.

– Активирање на интерните протоколи за работа во вонредни услови во сите здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавен новиот список со најмоќни пасоши во светот: Еве како котира Македонија!

Сите останати институции опфатени со Акцискиот план се повикуваат да продолжат со спроведување на своите обврски и активности.

Истовремено Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита:

– Престојувајте во разладени простории, особено од 11:00 до 17:00 часот.

Loading...

– Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.

– Носете лесна и светла облека, користете заштита за глава и очи.

– Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови.

– Посветете внимание на деца, стари лица, хронично болни и бремени жени – тие се особено ранливи.

– При симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Алексеј од Куманово ја претставува Македонија на Европското првенство во тенис

– Одложете активности на отворено во критичниот дел од денот.

– Обезбедете разладени простории (до 25°C) на работното место и во домот.

Од Министерството за здравство додаваат дека продолжува со дневен мониторинг на состојбата и ќе се постапува соодветно согласно проценките и потребите.

Loading...

Никола Ивановски