Македонија меѓу земјите кои го поддржаа Гутереш

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 100 земји-членки на ОН, вклучително и Македонија, потпишаа писмо за поддршка на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, откако Израел го прогласи за „персона нон грата“.

Loading...

Македонија е меѓу 105-те земји кои го потпишаа писмото во кое „изразува длабока загриженост и осуда за неодамнешната изјава на израелскиот министер за надворешни работи, прогласувајќи го генералниот секретар за непожелна личност“.

„Таквите акции ја поткопуваат способноста на ОН да го имплементира својот мандат, кој вклучува посредување во конфликтот и хуманитарна помош. На Блискиот Исток, тоа може дополнително да го одложи крајот на сите непријателства и воспоставувањето на кредибилен пат кон решението со две држави, каде што државите Палестина и Израел живеат рамо до рамо во мир и безбедност, во согласност со релевантните резолуции на ОН“, се наведува во писмото до кое Бета имала пристап.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хонг Kонг: Во зоолошка угинаа девет единки од различни видови мајмуни

Меѓу земјите кои не го потпишаа писмото се САД, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада и Индија.

На листата ги нема ниту Италија, Германија, Австрија, Унгарија, Чешка, Полска, Романија, Бугарија и Украина.

Од регионот, покрај Македонија , поддршка за Гутереш потпишаа и Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, додека Србија, Хрватска и Албанија не.

Во заедничкото писмо, 105 земји повикуваат на почитување на раководството и мисијата на ОН, на конструктивна соработка и избегнување на дејствија кои би можеле да ја ослабат клучната улога на ОН во решавањето на конфликтите и на поддршка за иницијативите кои придонесуваат за мирно и трајно решение на криза на Блискиот Исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали е ова идната германска канцеларка?

Потпишувањето на писмото за поддршка на Гутереш го иницираше мисијата на Чиле во ОН, во име на група земји во која се и Бразил, Колумбија, Јужна Африка, Уганда, Индонезија, Шпанија, Гвајана и Мексико.

Loading...

Заедничко писмо со список од 105 земји потписнички на 11 октомври беше испратено до генералниот секретар на ОН, со барање да биде проследено до земјите-членки и до Генералното собрание на ОН.