Пишува : Слободан ТОМИЌ
Македонија со години е изложена на политички манипулации. Денес земјата е заробена во канџите на најголемата криминална и коруптивна мрежа во својата историја. СДСМ Uја продолжува својата опасна политика на опструирање на реформите и борбата против криминалот, а Венко Филипче наместо да одговара за криминалите, активно ја поддржува владеачката коалиција со ДУИ и Али Ахмети. Наместо да се оградат од криминалот што ги тресе нивните редови, СДСМ продолжува да штити систем на злоупотреба на власта и институционална манипулација.
Наместо да застане покрај премиерот Христијан Мицкоски со коалиција ЗНАМ И ВЛЕН коИ се борат со политичкиот хаос и криминалната контрола, Филипче и неговата партија продолжуваат да ја парализираат секоја иницијатива за борба против корупцијата и организираниот криминал. Васко Ковачевски, поранешен директор на државната енергетска компанија (ЕСМ), вмешан во масовен финансиски криминал и Артан Груби, поранешен вицепремиер во владата на Заев-Ковачевски, кои се бараат со меѓународна потерница, ои натаму се во бегство.
Проблемот не е само во криминалците кои се уште се на слобода, туку и во политичката елита која одржува систем кој ја турка Македонија во катастрофа. Политичките лидери на СДСМ, ДУИ и нивните коалициски партнери се одговорни за хибридниот режим кој суштински ја уништува државата и нејзината демократија. Народот е заложник на системот кој ги поткопува правдата и економијата.
На Македонија и’ треба вистинско национално помирување, но тоа не може да се случи додека на власт останат истите кои ја доведоа земјата во хаос и башибозук. Промената мора да започне со одговорност, интегритет и решителност. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ,Максим Димитриевски и ЗНАМ и Изет Меџити со ВЛЕН, имаат должност да го водат процесот на чистење на институциите и борба против корупцијата и организираниот криминал, да ја стабилизираат Македонија.
Се уште ли ќе ја гледаме Македонија како заложник на криминалната политичка класа или ќе се ослободиме од овој токсичен систем? Решението е во рацете на политичарите, подготвени да спроведат национално помирување, да ги исчистат институциите и да се борат за правда и просперитет во Македонија.СТ/