Македонија меѓу 10-те земји со најниски плати во Европа

Сподели со своите пријатели

Платите нар аботниците во Укарина се најниски во Европа, а меѓу 10-те земји со најниски примања се Македонија, Србија, Белорусија и Албанија, покажало истражувањето на еден украински аналитички центар.

Украинските експерти составиле листа од најсиромашните европски земји, на која предничи Украина, користејќи ја како критериум на висината на платата по платениот порез.

Украина е со просечна плата од 190 евра на првото место најсиромашни држави кои ги опфаќа истражувањето. Следуваа Молдавија со 216 евра, а евроазиската земја Азербејџан е на третото место со просечна плата од 232 евра.

Меѓу 10. држави со најниски плати се Грузија, Ермнија, Белорусија, Казахстан, Албанија, Македонија и Србија, пишува сајтот economics.unian.info.

Според податоците од украинскиот центар, највисоки се примаѓата во Швајцарија каде просечната плата е 4.421 евро, а потоа Исланд и Норвешка каде просечната плата е 3.440, односно 3.405 евра.