Невладините организации кои активно се вклучени во бегалската криза одржаа координативен состанок со Центарот за управување со кризи на кој е донесена одлука да се врши редуцирање на бегалците, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Имено, доколку сакаат да ја преминат границата бегалците најпрвин ќе мора да дадат изјава за искажана намера за азил, како и во која држава ќе бараат азил доколку станува збор за цели семејства, додека помладите мажи и жени без семејства нема да може да продолжат понатаму.