Македонија – Јапонија утре во Спортска сала Куманово

Сподели со своите пријатели

Откако Македонската ракометна репрезентација вчера во Скопје го совлада составот на Јапонија, утре во Спортската сала Куманово се игра вториот пријателски натпревар.

Станува збор за пријателски натпревар отворен за јавноста, како дел од почетокот на подготовките за настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка во јануари 2026.

Билетите се продаваат онлајн по симболична цена од само 100 денари и може да купите ТУКА.

Инаку, избраниците на селекторот Кире Лазаров вчера го совладаа јапонскиот состав со 29:27, на натпреварот кој беше затворен за јавноста.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Сончеви и топли ноемвриски денови