Македонското здравство располага со 120 респираторни машини, информираше денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, кој пак вели дека 200 респиратори се резервирани како донација од Кина, а се спроведува и набавка на нови.
Според светските анализи, само пет отсто од заболените имаат потреба од респиратори, што значи дека на 1.000 случаи, околу 50 би имале потреба од респираторни машини, појасни министерот.
Набавката на нови е во тек, но процесот оди отежнато поради забрана на извоз.
– Набавката е во тек, проблемот е што машините во овој момент се запрени во Бразил со одлука на нивната влада со интензивна комуниакција со Министерството за надворешни работи и нашиот амбасадор во Бразил се обидуваме таа бројка да ја ослободиме. Многу земји во светот го запреа извозот чувајќи ги за своите пациенти. Се надевам дека ова ќе успееме да го направиме тоа е единствениот кој може да ја достави бараната бројка за многу раток период, но имаме и друга добра информација, Кина веќе резервира 200 респираторни машини, го потврдија во денешниот ден, треба да се потврдат правни механизми како да стигнат. И во овој момент располагаме со доволен број респиратори.
Во однос на тестирањето вкупо се направени 888 тестови, а на располагање има доволен број.
– Во овој момент лабораторијата во Институтот за јавно здравје има 1.400 дополнителни со избор на дополнителна количина од 1.000 и донацијата од 1.000 нови, со најава дека 1.000 ќе бидат на распоалгање следната недела за нашата земја и 300 има во Клиниката Жан Митрев, изјави тој.
Никола Ивановски