Генералното собрание на Обединетите нации ја освои резолуцијата со повик на итно хуманитарно примирје во појасот Газа, но Македонија гласаше воздржано.
Со 120 гласа „за“, само 14 „против“ и со 45 „воздржани“ резолуцијата беше донесена на предлог на Јордан.
Македонија се воздржа да ја поддржи резолуцијата која ги осудува актите на насилство врз палестинските и израелски цивили и која повикува на итна хуманитарна помош на тамошното население.
Во име на Македонија гласот го даде амбасадорот во САД Љубомир Фрчкоски, кој е претставник на земјава во Обединетите нации.
Од регионот, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа „за“, Хрватска „против“, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција беа „воздржани“.
САД гласаа „против“.
Одлуките на Генералното собрание не се правно обврзувачки, но имаат огромна морална тежина во светот.