Македонија даде зелено светло за прием на Шведска и Финска во НАТО

Сподели со своите пријатели

Собранието на Македонија денеска ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО.

Loading...

Само двајца од присутните пратеници кои гласаа беа „против“, додека 103 гласаа „за“.

Македонија е 18та земја која даде зелено светло за прием на овие две земји во НАТО. За да тие пристапат во алијансата потребно е тоа да го сторат сите 30 земји членки.

Одлуката Шведска и Финска да бидат дел од НАТО следува откако Русија ја нападна Украина.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Состојбата со пожарите е под контрола, тврди премиерот Мицкоски