Мајорал оди во Рома, Јовиќ останува во Реал

Сподели со своите пријатели

Резервата Борха Мајорал го напушта Реал Мадрид и ќе се пресели во Рома на позајмица со опција за откуп, објави „Кадена КОПЕ“. Ова автоматски значи дека Лука Јовиќ ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и нема да замине во Манчестер Јунајтед или друг клуб.

Loading...

Денес во Рим се одржа средба меѓу агентот на Мајорал и претставници на „волците“, на која двете страни се согласија за деталите.

Дваесет и три-годишниот Борха е дете на Реал, но во последните неколку сезони беше позајмуван во Волфсбург и Леванте.

Во изминатите три натпревари на „белите“ во Ла Лига, тој запиша само 21 минута на теренот.

На располагање на Зинедин Зидан му останува и Маријано Дијаз, кој досега играше премалку.

Leave a Reply