Мајмуни каменувале човек до смрт, полицијата немоќна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Маж во Индија починал откако група мајмуни му нанеле тешки телесни повреди.

Дарампал Синг собирал суви гранки пред група мајмуни врз него да собори поголема количина бетонски цигли.

Полицијата во Тикрија изјавила дека мајмуните со месеци ги собирале блоковите од блиската пропадната зграда. Постариот човек подоцна им подлегнал на тешките повреид на главата и градниот кош.

МОГЛИ ОД РЕАЛНОСТА: Девојче пронајдено во заедница со мајмуни (видео)

Селаните повеќе пати се жалеле на агресивните мајмуни на тоа подрачје, но овие животни спаѓаат во заштитен вид така да локалните власти не биле во можност да преземат ништо по ова прашање. Семејството на починатиот наводно поднела официјална жалба во полицијата во врска со инцидентот.

– Како можеме да регистрираме случај против мајмун? Сите ќе ни се смеат, тврди полицискиот службеник Читван Синг.

Смртоносните напади од мајмуни во Индија се постојано во пораст. Во март годинава една женка мајмун изнела бебе од куќа, кое подоцна било пронајдено мртво. Суриндер Синг Бајва, поранешен заменик на градоначалникот на Делхи, во 2007. година починал по напад од чопор диви мајмуни.

https://youtu.be/FidRDdnYyWc

Leave a Reply