Макаки мајмун, зависник од брза храна, наскоро ќе биде во камп за диета. Масниот, како на шала го нарекуваат во Бангкок, жива во храната која ја оставаат туристите. Велат дека најмногу сака шејкови со слатка пченка, а сака и тропско овошје.
Група љубители на мајмуни која го земала во свој конзерваториум вели дека овој макаки не е болен, туку само дебел, а за тоа најмногу се виновни луѓето. Сега му помагаат да изгуби на тежина така што го тераат да трча и да се игра со дружите животни.
Се здебели затоа што јаде се што му дојде под рака. Не е болен, но му треба нашата помош. Тој сака да јаде, а таму има многу туристи за кои тој е атракција па го хранат уште повеќе – рекол водителот на конзерваториумот каде мајмунот е на рехабилитација.
Тајланд е дом на илјадници диви мајмуни, меѓу кои најбројни се гибони и макаки. Тие одат по урбаните делови барајќи храна, а таму често се главна атракција за туристите.
Loading...
https://www.facebook.com/DailyMail/videos/2236755799717489/