Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица

Сподели со своите пријатели

Според пишувањата на британскиот весник „The Guardian“, Папата Францис во Ватикан денеска ќе го потпише декретот за канонизација (прогласување на светица) на Мајка Тереза, а тоа значи дека денес ќе биде одреден датумот и местото на церемонијата кога оваа одлука ќе биде реализирана.

Според весникот, церемонијата најверојатно ќе се одржи на 4-ти септември годинава, но се уште не е познато дали папата Францис ќе замине во Индија на повик на тамошната котичка црква или свеченоста сепак ќе ја предводи од Рим.

Но, според извори од Ватикан блиски до весникот сепак папата најверојатно со церемонијата ќе раководи од Рим.