Мајка сподели рецепт за сретство кое ќе направи вашиот фрижидер да блесне (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мајката Шантел Мила се здоби со цела армија следбеници на ТикТок благодарение на нејзините совети за чистење и одржување на домот. Таа одлучи да ги искористи летните месеци за чистење на фрижидерот, па сподели како го прави тоа.

Loading...

Таа не троши пари за скапи средства, туку прави свој „магичен“ спреј за кој се доволни неколку состојки кои се достапни во секое домаќинство.

„Трикот доколку не го пробате нема да знаете што е добро“, напиша таа.

Сретството се подготвува со чаша топла вода, една четвртина чаша оцет и две лажички екстракт од ванила.

 

 

„Оцет е природно средство за дезинфекција кое има антибактериски својства“, објаснува Мила.

Loading...

Екстрактот од ванила ќе ги отстрани сите несакани мириси и може да се замени со есенцијално масло по ваш избор.

Попрскајте го овој производ од внатрешната страна на фрижидерот и избришете го со мека крпа.

„Спрејот е моќен за чистење и отстранување на мирисите од ладилникот“, додаде таа.

Видеото е видено 168 000 пати, а многу други мајки се заколнаа во ефективноста на средството.

“Навистина, ќе биде одлично ако дознаев за ова порано. Заштедив еден куп пари и нерви”, рече едно лице.

 

@mama_mila_The DIY fridge spray you wish you tried sooner 🌿 #diy #kitchenhacks #fridgerestock♬ Something Got Between Us – The Jungle Giants

 

Loading...

Leave a Reply