Мајка на четири деца осудена за силување: Со момчето ја затвориле жртвата во подрум, а мачењето го снимале

Сподели со своите пријатели

Саманта Харт (32) и нејзиното момче Чарли Олдинг (22) биле осудени за силување и ќе ги поминат следните единаесет (Харт) и десет (Олдинг) години во затвор.

Loading...

Двојката била осудена за злонамерно силување, заплашување и понижување, а братучедот на Олдинг, Ли Киченер (17) бил вклучен во целото злосторство.

Киченер, кој денес има 18 години, бил осуден на две години условен затвор и 200 часа општествено корисна работа.

Се верува дека Саманта, мајка на четири деца, била организатор и водач на грозоморниот чин, откако ја обвинила жртвата дека имала сексуални односи со Олдинг.

 

 

Жртвата била заклучена во подрум и била брутално малтретирана на 10 септември 2020 година во градот Чатам во Велика Британија.

Loading...

Во телефонот на Олдинг се пронајдени повеќе од 30 вознемирувачки и експлицитни видеа, а се верува дека се снимени од Киченер. Снимките биле објавени за време на судењето.

Обвинителот Даниел Стивенсон изјави пред судот дека злоупотребата била толку сурова што жртвата дури им понудила пари на насилниците и рекла дека ќе се убие доколку е потребно, само за да престане со злоупотребата.

По ужасното злосторство, на жртвата и било дијагностицирано посттрауматско стресно нарушување.