Седум деца на возраст од две до 14 години се задушиле заедно со нивната мајка во пожар што избувнал во нивната куќа во Шарли-сур-Марн, на околу 100 километри источно од Париз.
Според првичните информации, причина за пожарот е машина за сушење алишта.
Ова е најсмртоносниот ваков настан во последните десет години, по смртта на пет деца на возраст од две до девет во 2013 година во градот Сен-Квентин, на североистокот на земјата.
„Децата, пет девојчиња и две момчиња и нивната мајка се задушиле во чадот, нивните тела не изгореле“, објави обвинителот Жулиен Морино-Рос.
Четирите деца кои загинаа се од првиот брак на мајката, соопшти жандармеријата.
„Без сомнение се работи за машина за сушење алишта која се запали на приземјето“, рече обвинителот и додаде дека е отворена истрага за тој трагичен настан.
Таткото на семејството, 40-годишен маж, се здобил со сериозни изгореници и бил пренесен во болница.
Прв на помош бил соседот пожарникар кој ги повикал колегите. Во гаснењето на пожарот учествувале 80 пожарникари.