Мајка дојде во зоолошка со бебе, а реакцијата на мајмунот ги изненади сите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Емили Остин покажа како мајчинската врска ги надминува видовите откако таа и горилата од зоолошката градина во Бостон си го покажаа своето потомство.

Loading...

Видеото од оваа необична средба, објавено на Јутјуб, наскоро стана вирално.

Средбата со мајката со горила ја снимил нејзиниот сопруг Мајкл. Двајцата оделе на прошетка во зоолошката градина Френклин Парк во Бостон со нивниот петмесечен син Кенион кога ги забележала мајката горила по име Кики.

„Таа нè гледаше од нејзината пештера и мислев дека гледа во Кенион“, рече Емили, додавајќи дека Кики минала околу 5 минути мавтајќи и гледајќи го нејзиниот син кој го држела во рацете.

Од самиот почеток, на Емили не и било  јасно што прави Кики, сè додека не го зела нејзиниот седуммесечен син Пабло и го кренала кон заштитното стакло за да го покаже.

Емили и Кики си ги покажале своите деца преку стаклото, а Кики ја кренала раката на стаклото како да се обидува да го земе за рака малиот Кенион.

– Лицето и беше полно со љубов. Таа му го покажуваше своето младенче на моето бебе – рече воодушевената Емили.

 

Loading...

Leave a Reply