Нејзината ќерка и помага да го задржи младешкиот изглед, но таа должи се на строга диета и режим на вежбање.
Лорен Мадсен (20) редовно добива коментари на социјалните мрежи од други корисници кои остануваат воодушевени од изгледот на нејзината мајка Шерил Џарвис (41) и и кажуваат дека изгледа како нејзина сестра.
Според The Sun, младата мајка е воодушевена од позитивните коментари и нејзиниот младешки изглед го добила со помош на строг режим на обука и правилна исхрана.
View this post on Instagram
– Многумина не можат да поверуваат дека сум мајка на Лорен. Секогаш се во шок и мислат дека сме сестри. Убаво е чувството да се слушне дека изгледам младо. Лорен дефинитивно ми помага да ја одржам младоста бидејќи ми ги дава најдобрите модни совети и ми покажува кои козметички производи треба да ги купам – рекла Шерил.
Пред две години, таа отиде во теретана за да ја задржи својата линија, а потоа почна да дели облека и со својата ќерка. Шерил има за цел да ги зајакне жените од сите возрасти и признава дека вежба речиси секојдневно.
– Станувам во 5 наутро да вежбам пет пати неделно. Сега им помагам на другите жени со програма за вежбање, бидејќи јас сум и личен тренер. Фитнес не значи трошење часови на неблагодарна работа и јадење само салати. Јадам балансирана исхрана- објасни таа.
View this post on Instagram
Покрај тоа, таа одеше на третмани со ботокс во последните три години. Иако мораше да се одмори од постапката минатата година поради пандемија на коронавирус, таа сепак се грижеше за својата кожа со разни креми и третмани. Во сето тоа помогнала нејзината ќерка, која ја опишува како нејзина најдобра пријателка.
– Имаме фантастична врска. Таа ми кажува се, но и јас и кажувам. Имав Инстаграм пред Лорен, но нејзиниот профил експлодираше кога почна да објавува. Таа сега ми помага да ги совладам техниките на позирање.
View this post on Instagram