Маглата ја намали видливоста низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Намалена видливост поради магла има во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македоднски Брод, Битола 100-150м, Куманово 50-100м, Тетово 50-60м, Павлешници 30-50м, Велес 100м, Катланово-Велес 100м и Отовица-Катланово 100м.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.