МАГИЈА ВО ВСЕЛЕНАТА: Снимено раѓањето на нова галаксија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во невообичаено обликуваната нова галаксија, наречена NGC 1614, вселенскиот телескоп Хабл го забележа раѓањето на нови sвезди.

Loading...

Оваа галаксија е оддалечена околу 200 милиони светлосни години од Земјата и се наоѓа на јужната страна на соѕвездието Ериданус. Формирана е како резултат на спојување на уште две галаксии и овој процес продолжува.

Она што е интересно е дека ваквиот „вселенски судир“ предизвика бурен проток на гасови меѓу sвездите, кои течат од помала кон поголема галаксија, со што се создаваат нови sвезди.

Поради бурното минато, но и тековниот изглед, научниците го категоризираат овој NGC 1614 како специфична, инфрацрвена галаксија во која се раѓаат огромен број sвезди.

Светли инфрацрвени галаксии се меѓу најсветлите објекти во „локалниот“ дел од универзумот, а NGC 1614 е втората најсветла галаксија во круг од 250 милиони светлосни години.

 

Leave a Reply