Мадуро повика на прва мобилизација на резервисти

Сподели со своите пријатели

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денес ги повика граѓаните кои се приклучија на Боливарската милиција во последните две недели да одговорат на „првото активирање“ за одбрана на земјата.

„Ќе го одржиме првото активирање на сите оние кои се пријавија, целата Национална милиција и резервисти, да се приклучат на голема организациска и мобилизаторска акција на силите, за прв пат во воената историја на земјата“, рече Мадуро, според CNN Español.

Мадуро изјави дека целта на мобилизацијата е да вклучи 8,2 милиони луѓе, според податоците што ги презентираше, и додаде дека кампањата за регрутирање ќе биде трајна од сега па натаму.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Расте бројот на загинати во трагедијата во Лисабон

„Вие, граѓаните на Венецуела, вие, граѓаните, сакани сонародници кои ја сакате оваа земја и сте подготвени да ја браните, заради вашето семејство, заедница, историја и достоинство, сега имате постојан пристап до системот Патрија“, нагласи Мадуро.

Тој го упати повикот во време на зголемени тензии меѓу Венецуела и САД, откако Вашингтон во вторникот објави дека уништил наводен брод за дрога што ја напуштил венецуелската територија и се движел низ карипските води.

Пред тоа, САД објавија распоредување воени бродови во Карипското Море како дел од операциите против шверцот со дрога, што Каракас го смета за закана, пренесува Танјуг.

Како одговор, властите иницираа регистрација на граѓани во Боливарската милиција. Оваа формација на резервисти е основана во 2005 година, за време на претседателот Уго Чавез, под името Генерална команда на националните резерви и национална мобилизација, а во 2009 година е преименувана во Боливарска милиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силни земјотреси продолжуваат да го погодуваат брегот на Камчатка