Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска оцени дека новата светска војна е веќе започната, но дека сега е од економска природа, пренесува TeleSUR.
Мадуро објасни дека целта во оваа војна е да се „задушат“ цели земји и региони и да се предизвика нестабилност во снабдувањето со суровини, храна и енергија.
Како ќе заврши војната? Американски аналитичар: Ова се две сценарија. И двете се опасни!
Според него, оваа војна може да премине од економска фаза во вистинска вооружена конфронтација со ризик од употреба на нуклеарно оружје, пренесува РИА Новости.
„Јас бев еден од оние кои првично не ја исклучија можноста Украина да има оружје за масовно уништување насочено кон Русија. Во светот постои реална опасност од нуклеарна војна. Венецуела ја повикува светската заедница на свест“, заклучи Мадуро, пренесе Танјуг.