Мачка носела дрога на затвореници: Кај себе имала кокаин и марихуана (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мачката, која ја хранеле затворениците и со тоа ја скротиле, од надвор им носела опијати во казнено-поправниот дом Нуева Есперанца.

Loading...

Панамските власти спречија мачка да донесе неколку пакети кокаин и марихуана, кои биле врзани околу нејзиниот врат, во затворот Нуева Есперанза во провинцијата Колон, лоциран северно од главниот град на Панама.

Атрес Гутиерез, управник на затворот, за новинарите изјавил дека „шверцерот“ едвај бил фатен на влезот во казнено-поправниот дом каде во моментов „лежат“ 1.700 затвореници, нагласувајќи дека ова не е прв ваков случај.

– Затворениците ги намамуваат локалните мачки со храна, која ја добиваат така што информаторите однадвор ги користат подоцна за транспорт на дрога – рече Гутиерез и откри дека е покрената истрага поради трговијата со дрога.

 

 

Што се однесува до мачката, обвинителот Едуард Родригез тврди дека таа ќе биде преместена во локалниот центар за посвојување миленичиња.

Loading...

Патем, Панама е позната по тоа што казна служат 18.000 затвореници во 23 државни затвори, па повеќето од нив се пренатрупани.

Претходно „пријателите“ им испраќале дрога на затворениците на Нуева Есперанца однадвор со помош на гулаби-носачи, а некои дури и со помош на беспилотни летала.

Leave a Reply