Мачка криумчарела мобилни телефони во затвор

Сподели со своите пријатели

Затворските чувари со часови демнат да фатат мачка која се обидела да донесе мобилен телефон во зградата на државниот затвор, соопштија властите на Костарика.

Loading...

Мачката била фатена по петчасовна потрага. Жвотното прво избегало во канализацијата, како што забележал еден од чуварите во затворот Ла Реформа во градот Сан Рафаел де Алахуела, во близина на главниот град Сан Хозе.

„Прилично се боревме додека ја фативме затоа што таа ни се вовлече во канализацијата“, рекол претставникот на затворската администрација, Пабло Берточи.

Бидејќи животното конечно излеголо од канализацијата, затворските службеници ја грабнале и на грбот нашле торба со две мобилни телефони, полнач и СИМ картички.

Криминалците често користат животни за да испраќаат пораки до затворениците.

Leave a Reply