МААЕ: Иран планира да ја прошири програмата за збогатување ураниум во два капацитети

Сподели со своите пријатели

Иран ја известил Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека планира да ја прошири својата програма за збогатување ураниум во подземните објекти Фордов и Натанц, според доверливиот извештај на агенцијата, кој го видел Ројтерс.

Loading...

Како што е наведено, Иран ќе инсталира повеќе центрифуги за збогатување ураниум, јави Танјуг за Ројтерс.

Земјата веќе има повеќе од 10.000 центрифуги во нејзините две подземни нуклеарни постројки во Натанц и Фордоу, како и во надземниот објект Натанц.

Внимателен пристап

Во извештајот, сепак, не се споменува збогатувањето на ураниум од страна на Иран до 60 отсто, што е блиску до нивото од приближно 90 отсто потребно за нуклеарно оружје, и може да сигнализира релативно внимателен пристап на Иран додека се подготвува за денешните разговори со Велика Британија и Германија, чија цел е повторно воспоставување дијалог со Западот во врска со неговата контроверзна нуклеарна програма, наведува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Германија ќе и требаат 288.000 странски работници секоја година до 2040 година

Иако МААЕ потврди дека Иран го забавува својот процес на збогатување ураниум на највисоко ниво, нарекувајќи го конкретен чекор во вистинската насока, нејзиниот одбор усвои резолуција предложена од Велика Британија, Франција, Германија и САД, која повторно го повика Иран да ја зголеми својата соработка со агенцијата.