Детекторите за радијација во забранетата зона околу украинската нуклеарна централа Чернобил повторно работат за прв пат откако Русија ја окупираше таа област на 24 февруари, а нивото на радијација е нормално, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Loading...
„Повеќето од 39-те детектори испраќаат податоци и тие сега се видливи на мапата на Меѓународниот информациски систем за следење на радијацијата“, соопшти МААЕ.
Во соопштението се посочува дека досегашните мерења покажуваат дека нивоата на радијација се во согласност со оние од пред војната.