Лула разговараше со Бајден за климатските промени и отворањето работни места

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден за борбата против климатските промени, пренесува Танјуг.

Loading...

Лула рече дека тој и Бајден телефонски разговарале и за заедничка иницијатива за отворање работни места, која треба да биде покрената наскоро, објави Ројтерс.

Тие се осврнале и на исходот од самитот на земјите од Амазон во Бразил минатата недела.

По тој повод, лидерите на осум јужноамерикански земји ги повикаа развиените земји да им помогнат да развијат план за заштита на најголемата прашума во светот, Амазон, но не се обврзаа на нула уништување на шумите до 2030 година поради поделбите околу екстракцијата на нафта, објави Гардијан.