Лула да Силва: Судството ќе одлучува за евентуалното апсење на Путин во Бразил

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, по претходната изјава дека Бразил ќе го игнорира налогот за апсење на претседателот на Русија Владимир Путин, изјави дека за тоа одлучува судството, а не неговата влада, и додаде дека ќе го разгледа Членството на Бразил во Меѓународниот кривичен суд.

Loading...

Лула да Силва изјави во саботата во Индија, каде што се одржа самитот на Г-20, дека „нема шанси“ Путин да биде уапсен доколку присуствува на самитот следната година, кој треба да се одржи во Рио де Жанеиро, пренесе Ројтерс.

„Ако Путин одлучи да се приклучи (на самитот следната година), судството ќе одлучи (за можно апсење), а не мојата влада“, рече Лула да Силва на прес-конференција, додавајќи дека сака да знае зошто САД, Индија и Кина не го потпишат договорот за Меѓународниот кривичен суд и зошто Бразил го потпиша, пренесува Танјуг.

Бразил е потписник на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, кој ги обврзува членовите да ги почитуваат налозите за апсење.

Во март, судот издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воени злосторства за депортирање на стотици деца од Украина, што Русија го негира.